Македонија

Беровско Русиново слави: После долги години се родија близначиња

Беровско Русиново слави: После долги години се родија близначиња

После подолг период во беровското село Русиново се родија близначиња, објави Делчево365.

По повод убавата вест, бардот на македонската фармација, Благој Механџиски, кој исто така е роден во ова место, на родителите на близнаците им донираше комплет хигиенски производи, како и детска количка.

На среќните родители Марија и Дејан Милошеви им ја честиташе рожбата посакувајќи му на целото семејство добро здравје, како и многу радост и среќа понатаму во животот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни