Туристичката агенција чиј автобус предизвика сообраќајна несреќа наводно повторно организира тури за патување надвор од државва.
Ова го пријавија до редакцијата на 4NEWS.mk неколку граѓани, на кои за ова им соопштиле нивни пријатели.
Се обидовме да стапиме во контакт со агенцијата, за да ја провериме оваа информација, но на телефонскиот број не се јавува никој.
И по социјалните мрежи се објавуваат статуси дека Беса Транс повторно работи како во старите времиња.
Беса транс пак организира тури од јануари 2022,ние не сме држава ние сме вукојебина
— Кичеецот (@unitedforever08) December 8, 2021
За потсетување, во трагедијата во Бугарија загинаа 45 лица, а 7 ја преживеаа истата.
Министерството за транспорт и врски ги одзеде лиценцита за организирање на тури.