Македонија

Бесплатен паркинг за Рамазан Бајрам на дел од паркиралиштата во Скопје

Бесплатен паркинг за Рамазан Бајрам на дел од паркиралиштата во Скопје
FR6X3P republic of Macedonia, Skopje, Walls of the City Fort Trvdina Kale

Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, денеска на празникот Рамазан Бајрам ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата, информира ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта, пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни