Таа во изјава за медиумите појасни дека ретко кој ги пропушта термините. Граѓаните си доаѓале навреме, немало поголеми застои.
-Пациентите си се закажани на термин. Претходно имаше можност да аплицираат на вакцинација.мк. Си добиваат СМС-порака, каде што им стои местото и времето кога треба да дојдат, потсети Цилевска Младеновска.
Таа истакна дека грипот кај одредена популација може да направи сериозни проблеми и сериозни компликации и неповолен исход на самата болест.
-Граѓани повозрасни од 65 години, граѓани кои имаат сериозни хронични заболувања, малите дечиња од шест месеци до пет години, бремените жени и здравствените работници кои секојдневно се изложени на грипот преку своите пациенти, секако треба да си ја примат вакцината. Затоа што вакцината е добра, сигурно штити од комликации. Може нема да ги заштити да не се разболат од грип, меѓутоа ќе заштити од сериозни компликации, хоспитализации и несакан исход, подвлече Цилевска Младеновска.