Опколен од неговите телохранители, Сашо Мијалков, пристигна во судот. За разлика од претходните рочишта, кога од „Шутка“ беше спроведуван со полициско возило и лисици на рацете и тоа до гаражите од судската зграда, за случајот на СЈО „Таргет Тврдина влезе на предниот влез.
На денешното рочиште сведочеше Ѓорѓи Лазаревски, поранешен инженер во МВР, лице кое ги копирало прислушуваните материјали од системот на УБК. Тој вели дека постапувал професионално и дека за него не било важно што имало во прислушуваните материјали, туку едноставно бил шокиран кога разбрал дека голем број граѓани нелегално се прислушувани.
„Во 2010 година, во текот на еден разговор со Ѕвонко Костовски, го прашав за прислушуваните материјали, а тој ми одговори дека многу луѓе се прислушувани, поточно рече „Не знам дали има некој кој не што не е прислушуван“. Звонко е тој кој вршеше селекција на материјалите“, вели Ѓорѓи Лазаревски – сведок.
Освен неговиот адвокат, сведокот Лазарвески го испрашуваше и самиот Сашо Мијалков. Го прашаа како можел да влезе внатре во просторијата на оперативниот систем каде се вршле прислушувањата. Лазаревски рече дека го искористил моментот кога се уште не биле променети лозинките на просториите.
„Никој не ставил забрана за влез таму. А и лозинката на администратор кој јас ја користев, не беше променета. Во системот не сум презел никакво дејство, освен копирањето на прислушуваните материјали“, вели Ѓорѓи Лазаревки – сведок.
Според обвинението на СЈО, преку три системи за прислушување во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, нелегално се прислушувани 4.286 телефонски броеви, а за такво нешто немало налог од суд. За тоа време прислушувани биле околу 20 илјади граѓани. Во овој предмет, обвинети се екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, екс шефовите на Петтата Управа, Горан Грујовски и Никола Бошковски, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и Тони Јакимовски, Владимир Варелов и пет други лица од Петтата Управа.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ