Македонија

Безживотно машко тело пронајдено во Вардар кај Велес

Безживотно машко тело пронајдено во Вардар кај Велес

Итната медицинска помош вчера го известила Секторот за внатрешни работи Велес дека во реката Вардар, на влез во Велес, во близина на местото викано Бентот, е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.

„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, вели Биљана Ѓаковска, портпаролка на Секторот за внатрешни работи Велес

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни