Македонија

Бидете подготвени – Еве какво време не очекува!

Бидете подготвени – Еве какво време не очекува!

Продолжен викенд е во тек, а временската прогноза не е поволна, особено за оние кои живеаат во западните подрачја на земјава.

Денеска попладне претежно во северните и источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во сабота попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во недела променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни