Македонија

„Била жива, ја најдовме на кревет свртена на страна, никој не ѝ дал кислород“

„Била жива, ја најдовме на кревет свртена на страна, никој не ѝ дал кислород“

Трагедијата што ја потресе Кочани продолжува да ја исполнува јавноста со неизмерна болка и тага.

Мајката на една од жртвите во пожарот во дискотеката Пулс, која го одзеде животот на многу млади луѓе, денес со солзи во очите и неизречена болка зборуваше за својата ќерка.

„Да, беше оставена на Интерно одделение во кец, полицијата не не пуштија да влеземе. После отиде мажот ми, и он ја најде во кецот, покриена со кебе, легната на перница, на страна завртена. Сакала да слегне од кревет, и со ногата надоле падната. Не и е пружено, не и е дадено кислород. Така ја најдовме“, вели таа.

По констатирање на новинар дека имало информации дека немало доволно кислород, мајката додава „Да, па немаше кислород во болницата, којзнае и дали им давале“.

По ова се вклучуваат и други мајки со своите трагични сведоштва од кои едната вели дека нејзиниот син починал откако паднал од кревет во болница, додека пак никаде немал изгореници

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни