Македонија

Биљал Касами останува градоначалник во Тетово

Биљал Касами останува градоначалник во Тетово

Според последните прелиминарни резултати од вториот круг на гласањето за градоначалник во Општина Тетово, кандидатот Биљал Касами е во убедливо водство пред противкандидатот Бајрам Реџепи.

Податоците, ажурирани во 20:30 часот, покажуваат дека се обработени 116 од вкупно 117 избирачки места, односно 99,15% од гласовите.

Од досега обработените податоци:

  • Биљал Касами има освоено 53,7% од гласовите.
  • Бајрам Реџепи има освоено 40,8% од гласовите.

Вкупниот број на регистрирани гласачи во избирачкиот список во Тетово е 87.878. На гласање излегле 39.079 граѓани, со што излезноста во општината е 44,97%.

Од вкупниот број на гласови, 36.962 биле важечки гласачки ливчиња, додека 2.119 ливчиња биле неважечки.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни