Билборд без фигура за премиер Албанец – Меџити: Ние го направивме Заев премиер, повторно ние ќе одлучиме

Пред билбордот со натпис “3 опции – Кој ќе биде идниот премиер?“, потпретседателот на ДУИ Изет Меџити рече дека за прв пат во историјата граѓаните имаат тројна можност и за прв пат е време за премиер Албанец.

„Овој пат, граѓаните имаат троен натпревар и три можности: двајца кандидати Македонци од македонските партии кои во минатото беа ставени на тест, или за прв пат во историјата да гласаат за кандидат Албанец за прв премиер во оваа земја, премиер кој не претставува само една македонска партија, туку премиер кој ќе ги претставува сите граѓани Албанци и сите граѓани на Република Северна Македонија, независно од која етничка припадност се“, вели Меџити.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Клик Плус рече дека ова е популистички чекор на ДУИ и дека овој чекор ќе ја одведе ДУИ во опозиција.

Заев рече дека сите сакаат да ја видат ДУИ во опозиција и според него би било здраво ДУИ да замине во опозиција.

Изет Меџити од ДУИ вели дека им било јасно дека идејата за премиер Албанец ќе предизвика такви реакции.

„Ние излеговме со нашата идеја и знаеме дека таа идеја може да предизвика реакции. Најдобриот одговор е тој на младите од Чаир, Куманово и насекаде во албанските градови кои ја поддржаа и поздравија оваа идеја. Сакаат во оваа држава да има премиер Албанец.“, вели Меџити.

ДУИ беше таа која во 2016 го прекрши начелото победник со победник и го избра Заев за мандатар на Влада.

“Ние во 2016 оценивме дека тоа е најдобриот пат затоа решивме да до го поддржиме второ- рангираниот на изборите и базирајќи се на тоа дека ДУИ се води од таа идеја, гледајќи ја политичката стабилност во Македонија и гледајќи дека Македонија ја поставивме на здрави основи кон евро – атлантскиот пат и мислиме дека за целосна демократија на Македонија , потребно да се скршат сите табуа, нема ексклузивно место само за Македонците.“, рече Меџити.

Името на кандидатот за премиер Албанец се уште е непознато. На пропагандистичките фотографии на ДУИ се забележува непознат портрет на еден маж и една жена. Идентитетот на кандидатот Албанец ќе се знае откако ќе се дефинира датумот за избори.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното