Македонија

Битиќи и Спасовски со сочувство по повод смртта на Димовски

Битиќи и Спасовски со сочувство по повод смртта на Димовски

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изразија сочувство по повод смртта на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во објава на својот фејсбук-профил, Битиќи посочува дека Димовски беше вистински партнер со кого „сработевме многу за заштита и унапредување на работничките права“.

– Дарко почивај во мир! Сочувство до семејството, соработниците и пријателите, напиша Битиќи.

Во објава на својот фејсбук-профил, Спасовски посочува дека Димовски беше пример за сеопфатно застапување на интересите на сите работници.

– Во свое и во име на МВР изразувам сочувство до семејството и најблиските на прерано починатиот Дарко Димовски, претседател на ССМ. Димовски беше пример за спроведување на социјална правда, за сеопфатно застапување на економските и социјалните интереси на сите работници. Нека почива во мир, напиша Спасовски.

Од Синдикатот информираа дека Дарко Димовски почина по кратко боледување на 45-годишна возраст.

– Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, соопшти денеска ССМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни