Македонија

Битиќи: Мицкоски се „кити со туѓи перја“, инвестицијата која ја најави е од претходната влада

Битиќи: Мицкоски се „кити со туѓи перја“, инвестицијата која ја најави е од претходната влада

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, реагираше по повод најавата на премиерот Христијан Мицкоски за нова инвестиција во Петровец, во фабриката Епсотех.

Тој рече дека инвестицијата е од претходната влада, и дека сегашната се „кити со туѓи перја“.

„Да, да: има разлика! Некој се “кити со туѓи перја” и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка.

Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период.

Работа а не PR е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува.

П.С. Заедно со EPSOTECH има уште 6 други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста (а од принципиелни причини и изборниот процес не беа обзнанени)“, напиша Битиќи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни