Фатмир Битиќи во емисијата „Клан Дебата“ откри дека за време на изборната кампања добил смртни закани за што е поднесена и пријава до Министерството за внатрешни работи.
Тој разговарајќи околу реториката во предизборната кампања, се обрати до Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ и му порача да го праша Министерот за внатрешни работи, кој е осуден за загрозување на животот по вашата кампања?
„Прашајте го министерот за внатрешни работи, кој е осуден за загрозување на животот по вашата кампања? Вицепремиер кој седи до тебе, два дена по ред, кога во кампањата ги вративте паролите од деведесетите, во кои јас и моето дете добивме закани дека треба да бидеме убиени, ова се случи поради вас и вашите кампања“, рече Битиќи.
На ова Стојановски истакна дека не знае, и не слушнал.
„Не знам, не сум слушнал. Дали тоа се случи за нешто друго, можеби поради некоја незавршена обврска кон фирма од Битола“, рече Стојановски, на што Битиќи категорично одговори „Не“.