Македонија

Битола со срце за Кочани: ФК Пелистер и „Чкембари“ со донација за семејствата на настраданите во пожарот

Битола со срце за Кочани: ФК Пелистер и „Чкембари“ со донација за семејствата на настраданите во пожарот

Од фудбалскиот клуб Пелистер објавија доказ со уплатница дека преку Црвениот крст на Македонија префрлил 360 илјади денари за помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

„Од Битола, од срце за Кочани! ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25-тото коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори…“, објавија од Пелистер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни