Блумберг: Упатените во Кремљ стравуваат дека Путин би можел да употреби нуклеарно оружје

Мал, но растечки брод на инсајдери од Кремљ, наводно, ја доведува во прашање одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина, објави Блумберг.

Неколку упатени во Кремљ на високи позиции во владата и бизнисот веруваат дека руската инвазија на Украина „била катастрофална грешка што ќе ја врати Русија години наназад“, изјавија за Блумберг десет извори.

Овие луѓе, велат изворите, сметаат дека нема шанси да го сменат правецот на својата политика во однос на Украина, како што не гледаат шанса да се доведе во прашање позицијата на Путин за семоќен владетел на Русија.

„Соочен со пораз, тој би можел да прибегне кон нуклеарно оружје“ 

Изворите тврдат дека рускиот претседател се повеќе се потпира на се помалиот круг на тврдокорни советници. Тие тврдат и дека Путин наводно ги отфрлил предупредувањата за катастрофалните економски и политички последици од војната во Украина.

Некои упатени во Кремљ се повеќе се плашат дека Путин, доколку се соочи со пораз во Украина, би можел да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје, наведува Блумберг.