Македонија

БМВ собори семафор во Аеродром

БМВ собори семафор во Аеродром

Сообраќајна несреќа се случила во близина на крстот во Аеродром.

Имено, возило марка БМВ со голема брзина удрило во семафорот кој се наоѓа на раскрсницата.

Министерството за внатрешни работи вели дека несреќата се случила утрово во 5 часот.

„Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета Македонска Бригада“, бул.„Србија“ и бул.„12-та Македонска Бригада“ во Скопје патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки управувано од С.М.А. од Р.Турција, а со престој во Скопје излетало од коловозот и удрило во метален столб на семафори и сообраќајни знаци“, велат од МВР.

До овој момент, како што велат, нема пријава за повредени лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни