Откако Министерството за здравство прогласи епидемија од мали сипаници, Морбили градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, преку својот фејсбук профил порача до родителите да ја почитуваат мерката на Министерството.
„Почитувани родители,
Се вчитува...
Министерството за здравство денес на територија на градот Скопје прогласи епидемија на мали сипаници – Морбили.
Согласно одлуката на министерството, градинките на територија на Општина Центар од утре (3.1.2019; четврток), ќе примаат САМО деца кои го имаат поминато процесот на вакцинација.

