Македонија

Богоев: Не знам колкава ми е платата и не сум прашал!

Богоев: Не знам колкава ми е платата и не сум прашал!

„Две недели сум само директор и не сум прашал колкава ми е платата“, вели новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан на граничниот премин Ќафасан каде беше прашан дали ќе се откаже од зголемената функционерска плата по судски пат за 78 отсто.

Тој одговори дека уште не знае колку изнесува неговиот месечен доход.

„Плата не сум примил и две недели сум само директор, ниту сум прашал колкава ми е платата. Фокусиран сум на реорганизација, ефикасност на средствата, а кога сме кај плати, пред се, сум фокусиран на зголемување на плати на колегите. Ако се откажам, ќе ве известам. Не знам ни која е платата. Треба да ја видам и да ви кажам“, рече Богоев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни