Македонија

Богоевски: Исполнети се условите за одземање на имунитетот на Димовски (ВИДЕО)

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски смета дека условите за одземање на имунитетот на Димовски се исполнети, и истиот треба да му биде одземен, а потоа да одлучува Судот.

„Не го ставаме ние колегата во притвор, туку дозволуваме судот да одлучи дали се исполнети условите за мерката притвор. Да го оставиме судот да си ја остави работа. Ние сме тука да ги разгледаме дали се исполнети условите за одземање на имунитетот. Моето мислење како пратеник е дека условите се исполнети, имунитетот треба да биде одземен и судот треба да одлучува“, рече Богоевски.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни