На социјалните мрежи се шири информација дека тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ не се самоубил и дека е жив, пишува Боснаинфо.
На социјалните мрежи кружат теории на заговор дека монструмот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, наводно побегнал во Италија и ја измамил јавноста и полицијата.
Но, „Аваз“ објави фотографија со која потврдува дека кобниот ден, по ликвидацијата на неговата сопруга и уште три лица, опкружен од полицијата, тој се самоубил. Се самоуби во БМВ паркирано пред фарма во Доња Леденица.
Нермин Сулејмановиќ се самоуби, а неговото тело моментално се наоѓа во Меморијалниот центар во Тузла. Никој од неговото семејство не сака да го бара телото.
Освен Низама Хечимовиќ, Сулејмановиќ, кој со години сееше страв во Градачац, ги уби Ѓенгиз и Денис Ондер, а тешко ја рани Хариса Ондер. Пукал и во полицаецот Недим Памуковиќ, син на Зијада Вуковиќ Памуковиќ, тетка на Низама.