Бомба на „Ел Чека“ – „Не бев под притисок“, вели Јакупи – Шекеринска: „И самите покажаа дека не сме исти“

Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека објави друг прислушуван материјал. Во овој телефонски разговор се слуша разговор меѓу актуелната министерка за одбрана, Шекеринска и екс вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими. Овој разговор е снимен во 2013, во периодот на локаните избори. Шекеринска бара од Бесими член од ДИК, Субхи Јакупи да гласа, како што вели таа, принципиелно, за победа на опозицијата во Центар и куманово.

ТВ21 го контактираше екс членот на ДИК Субхи Јакупи. Тој рече дека не бил под притисок на ниедна политичка партија.

Во тоа време имаше прегласување во Центар и во вториот круг победи Андреј Жерновски.

Извор: ТВ21