Лошото време во САД го направи своето. Најмалку 18 загинаа поради ниските температури или во сообраќајни несреќи на замрзнатите патишта. Стотици илјади домаќинства и бизниси ширум земјата останаа без струја.
Некои жители на градот Бафало во државата Њујорк беа принудени да ги напуштат своите домови за да се обидат да стигнат до јавни места каде што има работно греење.
Прекини на струја има и во Канада, која исто така е сериозно погодена. Бурата се протегала повеќе од 3.200 километри од Квебек до Тексас. Од вчера се откажани илјадници летови.