Македонија

Божиновска: Одговорно тврдам дека немам никаков криминал во мојата кариера, работам чесно и напорно!

Божиновска: Одговорно тврдам дека немам никаков криминал во мојата кариера, работам чесно и напорно!

Новата министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска во интервју за МКД.мк порача дека во нејзината кариера нема никаков криминал.

Таа вели дека работи чесно и напорно.

„Одговорно тврдам дека немам никаков криминал во мојата кариера. Работам чесно и напорно во сегментот на енергетиката, каде што има многу нечисти игри, но јас не сум дел од нив. Многу тенденциозно е да се говори дека сум била дел од група или пак, дека самостојно сум вршела незаконски дејства за време на мојата кариера во приватниот сектор, без притоа да се посочи барем еден доказ. Нема ниту една пресуда против мене или пак, против компаниите во времето кога ги управував, а со кои би се поткрепиле овие тврдења“, вели Божиновска.

Таа додава дека доколку имала какви било криминали, зарем ќе најавела целосна ревизија на работењето на ЕСМ и МЕПСО, на сите зделки и договори во четири очи, кои довеле до тоа двете најголеми енергетски државни компании да бидат во незавидна положба?

„Најавив и менување на „правилата на игра“, кои овозможуваа вакви зделки и злоупотреби. Моето долгогодишно искуство во енергетиката само ќе придонесе полесно да се надминат сите пропусти и да се „затворат сите дупки“ што даваа простор за криминали. Ревизорските извештаи досега открија големи злоупотреби во ЕСМ и МЕПСО, но никој не реагираше. Сите знаат за криминалот, сите се свесни за тоа, а реакција немаше од обвинителството. СДСМ се плаши од најавените активности, па се труди со измислени афери да наметне тема што не постои. Со чесна работа и со резултати многу брзо ќе покажам дека нема да отстапам од намерата да се стави ред во делот на енергетиката во Македонија. Свесна сум дека ова некому му пречи, но, повторувам дека сите афери што ќе ги измислат мене воопшто нема да ми пречат да им ставам крај на кражбите. Ќе одговара секој што се огрешил без исклучок“, порача Божиновска.

Целото интервју читајте го ТУКА!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни