Од срце им се заблагодаруваме на сите хумани граѓани и сите волонтери што помогнаа во потрагата на Мартин Јовановски, вака ја започнува својата денешна Фејсбук објава братот на исчезнатиот Мартин Јовановски, Горан Јовановски.
Тој информираше дека од денеска ги затвораат броевите и сметките за донација.
– Потрагата се уште ќе продолжи и ќе продолжиме да бараме се додека немаме услови и средства. Доколку има доброволци со Дрон или волонтери со лиценца за чамец (или човек што има искуство со пента) ве молиме пишете во групата „Сите за Мартин“, повика Јовановски.