Македонија

Браво Македонијо! Одиме на ново Европско!

Браво Македонијо! Одиме на ново Европско!
Фото: Фејсбук / РФМ / Принтскрин

Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра уште еден меч за паметење и обезбеди пласман на уште едно Европско првенство! Во емоционална и борбена атмосфера, избраниците на Кире Лазаров покажаа цврст карактер и спортска зрелост, совладувајќи ја селекцијата на Литванија пред полни трибини и страстна поддршка од домашната публика.

Овој триумф уште еднаш потврди дека кога игра Македонија – се игра со срце! Момците оставија сè на теренот, и заслужено ја запечатија визата за нов настап на голем меѓународен ракометен собир.

Браво момци! Со среќа Македонијо – на ново Европско ракометно поглавје!

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни