Товарен брод што пловел од Украина се насука во плиткото крај Умуриери, Истанбул, а сообраќајот низ Босфорот е привремено прекинат поради спасувачката операција на заглавениот брод, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, цитирана од БТА.
Генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето извести за инцидентот и информираше дека спасувачките операции се во тек.
На местото на настанот се испратени шлепери и други спасувачки бродови за да му помогнат на 142-метарскиот носач на рефус МКК-1, кој се насука во гребенот кај Умуријери додека пловел од Украина кон Истанбул.