Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Бројот на повредени во рускиот воздушен напад врз Харков се искачи на 21

Бројот на повредени по ударот на руската бомба ФАБ-250 во Харков се искачи на 21, изјави утрово шефот на таа регионална воена управа Олех Синехубов, пренесува Укринформ.

„ФАБ-250 беше употребен во напад на повеќекатница во која спиеја десетици жители. Најмалку 18 повредени, меѓу кои и тројца малолетници“, напиша Синехубов на Телеграм. Претходните извештаи наведуваа дека 13 лица на возраст меѓу осум и 84 години се повредени во ноќниот напад. Меѓу нив имало три деца, две се на 17, а едното осум години. Шест лица се хоспитализирани, а 60 жители се евакуирани од станбениот блок.

Како што претходно објави Укринформ, руски беспилотни летала камикази синоќа ја нападнале Украина од север.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни