Во Авганистан се случи земјотрес, чиј епицентар беше провинцијата Хост на границата со Пакистан.
Американскиот геолошки институт ја објави јачината на земјотресот од 6,1 степени.
Земјотресот, кој се случи на длабочина од 51 километар, беше почувствуван во различни градови вклучувајќи го и главниот град Кабул, како и во градовите блиску до границата, како што се главниот град на Пакистан, Исламабад и Пешавар.
Бројот на загинати во земјотресот рапидно се зголемува.
Авганистанскиот заменик министер за управување со катастрофи објави дека бројот на лицата кои ги загубија животите во земјотресот се зголеми на 920, а 610 лица се повредени.
Владиниот портпарол ги повика и сите хуманитарни организации и побара поддршка од сите во соочувањето со оваа катастрофа.
