Македонија

Бугарија е една од најосудуваните земји во Стразбур за прекршување на човековите права – колку има против Македонија?

Бугарија е една од најосудуваните земји во Стразбур за прекршување на човековите права – колку има против Македонија?

Бугарија е една од најосудуваните земји во Стразбур за прекршување на човековите права со 25 пресуди минатата година.

Имено, според статустиката на институцијата што ја претстави претседателката на судот, Шифра О’Лири, Бугарија се наоѓа во топ 10 најосудувани држави во Стразбур за 2022 година.

Минатата година, судот во Стразбур донел дури 27 пресуди за Бугарија, од кои што кај 25 било утврдено прекршување на човековите права.

Дополнително пак, против Бугарија има уште 539 жалби за кои што процесот е во тек.

Во топ 10 најосудувани држави се и Русија, Украина, Турција, Романија, Молдавија, Полска, Унгарија, Хрватска и Италија.

На својот последен состанок, на 9 декември лани, Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика властите во Бугарија да почнат да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и да дозволат регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Комитетот на министри на состанокот ги разгледуваше неспроведените одлуки на судот во Стразбур и меѓу нив донесе одлука и за македонските здруженија во Бугарија, кои што веќе 16 години ги добиваат случаите против Бугарија.

Според статистиката за 2022 на судот во Стразбур, за Македонија биле донесени 6 пресуди, од кои што кај 4 било утврдено прекршување на човековите права.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни