Граѓаните нема да мора да влегуваат во Бугарија со оглед на тоа што двата пункта се наоѓаат во меграничната зона. Тоа значи дека нема да им биде потребен ниту негативен ПЦР-тест.
Македонските државјани од утре ќе можат да се вакцинираат на двата пункта што Бугарија ги отвори во меѓуграничната зона на два гранични премини со Македонија – Станке Лисичково – Делчевно и Златарево – Ново Село, објави „Дојче Веле“.
Заинтересираните за вакцинирање ќе можат да избираат меѓу „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.