Македонија

Бугарскиот амбасадор ја одби протестната нота

Бугарскиот амбасадор ја одби протестната нота

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското Министерство за надворешни работи поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврдуваат дека амбасадорот Радуков ја одбил протестната нота и бил усно информиран за нејзината содржина од страна на директорот што го водел разговорот.

Министерството претходно информираше дека амбасадорот Радуков бил повикан на средба, на која била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели. Дополнително, било побарано објаснување од бугарската страна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни