Балкан

Бугарските царинарници открија и запленија 35 пиштоли и 557.000 евра

Бугарските царинарници открија и запленија 35 пиштоли и 557.000 евра

Цариниците на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција, „Капетан Андреево“при контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција.

На граничниот премин „Капетан Андреево“ пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишниот возач, кој сам патувал од Турција за Германија.

Шверцуваното огнено оружје е запленето, а против возачот е поднесена кривична пријава. Додека на бугарско-романската граница во камион царинарниците откриле 557.000 непријавени евра. Парите биле скриени во камионот што превезувал прехранбени артикли од Холандија во Бугарија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни