Физички напади, притисоци врз гласачите и сомнежи за изборни манипулации го одбележале изборниот ден во Србија, изјави новинарката Жана Булаиќ во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Според информациите што ги пренесе, во Панчево биле нападнати лица во близина на избирачко место, а инциденти биле пријавени и во околината на Врање, како и во Хртковци.
Булаиќ посочи дека меѓу пријавените неправилности се и сомнежи за купување гласови, организирано доведување гласачи и притисоци врз вработени во јавните претпријатија.
„Како што одминува денот, така се зголемува бројот на нерегуларности. Физичкото насилство е еден од најсериозните проблеми“, оцени таа.
Новинарката нагласи дека конечната оценка за регуларноста на изборниот процес ќе зависи од извештаите на набљудувачките мисии.