Балкан

Часови до целосна имплементација на договорот од Преспа – Република Северна Македонија по ратификацијата во Грција

Ситно се брои до целосна имплементација на договорот од Преспа и употребана на Република Северна Македонија за меѓународна употреба.

Грчкиот парламент од утрово води дебата околку ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, а гласањето се очекува да биде поединечно и се најавува за по 19 часот.

За да биде ратификуван протоколот потребни се 151 глас, а според најави од Грција, владеачката СИРИЗА веќе ја има обезбедено оваа бројка каде вклучени се и четворицата независни пратеници.

Доколку вечерва Грција го ратификува протоколот, следно што треба да се направи е размена на ноти помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Како што дознава ТВ21 за тоа нема да се чека долг период и може да се случи дури и во текот на утрешниот ден.

По ова се очекува да започне имплементацијата на договорот и во Македонија, а како што најавија од Владата првично ќе бидат заменеи таблите на граничните премини, па потоа на Владата, Собранието…

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни