Честит празник Македонијо – го славиме Денот на независноста!

Македонија денеска одбележува 33 години од спроведениот референдум на кој убедливото мнозинство, дури 95% од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

На денешен ден во 1991 година прашањето било „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“, а граѓаните позитивно одговориле на ова референдумско прашање.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Меѓународно ­правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181. полноправна членка на светската организација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното