Македонија

Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово

Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово

Генералштабот на Армијата информира дека тим од Четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана е ангажиран во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, за собирање податоци за квалитетот на воздухот поради запалениот отпад кој предизвика густ чад и сериозно загадување.

Ангажманот е дел од пошироката акција на Армијата во согласност со одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на воени сили во справување со пожарите и прогласената кризна состојба од Владата.

Во моментов, над 150 припадници на Армијата се распоредени на три критични локации:

  • во Општина Ѓорче Петров се ангажирани над 60 лица,
  • во Крива Паланка околу 30 лица,
  • и во село Николиќ, Општина Дојран, над 50 лица.

Армијата, заедно со другите институции, останува активна на теренот во поддршка на гаснењето, логистичка поддршка и проценка на ризици по здравјето на населението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни