Четири активни пожари на отворено, надлежните апелираат на внимателност

Во текот на денешниот ден, заклучно со 13 часот, на територијата на државата се евидентирани осум пожари на отворен простор, од кои четири сѐ уште се активни, а четири се изгаснати.

Активните пожари најмногу ја зафаќаат шумската и ниската вегетација во Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес, додека најголем дел од изгаснатите биле во Врапчиште, Липково, Карбинци и Арачиново.

Надлежните служби се на терен и апелираат за претпазливост и навремено пријавување на секое ново огништe.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.