Македонија

Четири активни пожари во земјата

Четири активни пожари во земјата

До 21:00 часот на 11 август 2025 година, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, информираат надлежните служби.

Од нив, четири пожари се сè уште активни:

  • Во Општина Македонски Брод, во рамките на Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума.
  • Во Општина Теарце, во атарот на селото Теарце, каде е зафатена ниска вегетација.
  • Во Општина Сарај, кај селото Радуша, каде гори сува трева и мешана шума.
  • Во Општина Кичево, на потегот меѓу селата Челопеци и Миокази, каде огнот зафатил мешана шума.

Во текот на денот биле изгаснати осум пожари во различни региони на државата, меѓу кои во Босилово (с. Сарај), Куманово (с. Табановце), Врапчиште (помеѓу с. Ломница и с. Калиште), Тетово, Кочани, Ресен (с. Долно Дупени), Ново Село (с. Старо Коњарево) и Крушево (с. Бучин). Опожарените површини опфаќаат ниска вегетација, мешани и дабови шуми, како и отпад.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да пријават секое забележано ширење на оган, со цел спречување на нови пожари и заштита на животната средина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни