Македонија

Четири лица претепале 53-годишно лице во с.Турско Рудари, а потоа го врзале за дрво

Четири лица претепале 53-годишно лице во с.Турско Рудари, а потоа го врзале за дрво

На 11.10.2023 во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 11.30 часот на место викано „Ливади“ во атар на с.Турско Рудари, пробиштипско, четири лица физички го нападнале и го врзале за дрво Г.К.(53) од с.Нивичани, кочанско, кој работел како овчар.

Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош.

За случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни