Македонија

ЈСП: Немало заглавени патници на жичарата на Водно

ЈСП: Немало заглавени патници на жичарата на Водно

Веста е корегирана од првично објавената верзија, по направени дополнителни проверки.

Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер.

Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда.

Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста. Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.

Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни