Македонија

Четири малолетни лица насилно се однесувале кон друг малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“ – полицијата го расчисти случајот!

Четири малолетни лица насилно се однесувале кон друг малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“ – полицијата го расчисти случајот!

На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“.

По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни