Македонија

Четири пожари на отворено – ЦУК апелира редовно чистење на локалните одводни канали

Четири пожари на отворено – ЦУК апелира редовно чистење на локалните одводни канали

Имало вкупно 1 704 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 61%, а 39% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 62%, кон Итната медицинска помош 35%, a кон пожарникарите 2%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 676 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше четири (4) пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола од 18.35 до 21.20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Мусинци (Општина Могила).
Од ТППЕ Прилеп, во период од 18.58 до 19.40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација кај ресторан „Романса“ (Општина Прилеп).

Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 13:35 до 14:40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Градско Балдовци, каде што била зафатена површина од околу 1 хектар (Општина Струмица). Речиси истовремено, струмичките пожарникари во период од 13:20 до 18:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале и на запалена депонија во близина на с.Босилово (Општина Босилово).

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни