Македонија

Четворица приведени поради семејно насилство, регистрирани седум случаи за едно деноноќие

Четворица приведени поради семејно насилство, регистрирани седум случаи за едно деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство низ државата, при што четири лица биле лишени од слобода поради физички напади, закани и агресивно однесување кон членови на своите семејства. Настаните се пријавени во Скопје, Гостивар, Струмица, Куманово, Прилеп и Свети Николе.

Во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека околу 3 часот по полноќ на подрачјето на Шуто Оризари нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот 25-годишен партнер. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во Гостивар, полициски службеници го привеле 33-годишниот Р.С. откако неговиот 56-годишен татко пријавил дека бил физички нападнат во семејниот дом. Осомничениот е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во струмичко село, приведен е 33-годишен маж кој, според пријавата, агресивно се однесувал кон својата сопруга. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Куманово, 66-годишна жена пријавила дека во својот дом била физички нападната од двајцата свои внуци. Во друг случај во истиот град, полицијата го лишила од слобода 43-годишниот Ж.Д. поради агресивно однесување и закани кон неговата сопруга и син. По завршување на постапката, против него ќе следува соодветна пријава.

Во Прилеп, 25-годишна жена пријавила дека додека престојувала во домот на својата сестра, била физички нападната од својот невенчан сопруг. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Во Свети Николе, пак, приведен е 57-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата 50-годишна сопруга во семејниот дом. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни