Четворица вработени од „Идризово“ завршија на токсикологија по вчерашниот пожар

Синоќа избувна пожар во женското одделение во затворот „Идризово“. Четворица вработени се пренесени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот што вчера избувнал во женското одделение. Информацијата за МИА ја потврдил заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи.

Како што вели Јонузи, вработените се во стабилна здравствена состојба. Во однос на пожарот кој вчера избувнал во женското затворско одделение, заменик-директорот на „Идризово“ вели дека според информациите кои ги има, пожарот го подметнале затворенички кои запалиле постелнини и душеци.

Пожар во затворот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

„На 21.05.2024 во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено-поправната установа ’Идризово‘ било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите“,информираат од МВР.

На гасење на пожарот интервенирала скопската противпожарна, а на местото е извршен увид од полициска екипа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното