Чили грав со мелено говедско месо: рецепт за совршен есенски ручек

Кога се намалуваат температурите на термометарот во Соединетите Американски Држави, а особено во Тексас, чили гравот се јаде со мелено месо. Тоа е вкусно јадење со лажица инспирирано од мексиканското чили кон карне.

Оваа чорба од грав и мелено говедско месо се комбинира со густ сос од домати и лути пиперки. Најдобри резултати ќе добиете ако измешате неколку видови грав, но и свежи и суви феферони, пишува Pun kufer.

Доколку не сте љубител на зачинета храна, користете помалку лути пиперки и дефинитивно отстранете ги семките од нив.

Пожелно би било гравот да се готви самостојно од сув грав, но доколку немате време за оваа кулинарска авантура, можете да користите и конзервиран грав.

Состојки за чили грав со мелено говедско месо

– 800 мл доматно пире
– 800 гр домати на парчиња
– 750 гр варен грав (бел, кафеав, шарен)
– 500 мл говедска супа
– 450 гр мелено говедско месо
– 150 гр слатка пченка
– 3-4 чешниња лук
– 2-3 благи, малку лути или лути феферони
– 1 кромид
– 1 стапче цимет
– 1 лажица мајчина душица
– 1 лажица рузмарин
– растително масло
– сол и бибер по желба

Подготовка на чили грав со мелено говедско месо

Во големо тенџере загрејте малку масло и пропржете го исечканиот кромид додека да омекне. Ќе ви бидат потребни околу три минути. Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно уште една минута.

Во тенџерето додадете го меленото месо и пржете го додека не порумени. Ќе ви требаат пет до десет минути.

Додадете го сварениот грав, слатката пченка и истурете сè заедно со пастата и парчињата домат и говедска супа.

Зачинете го гравот со сечкани чили пиперки, мајчина душица, рузмарин, сол и бибер. Додадете стапче цимет.

Кога течноста ќе зоврие, намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и сè заедно варете најмалку половина час. Идеално, чилито треба да се готви до два часа за да се спојат вкусовите.

Извадете го циметот од тенџерето пред послужување. Послужете го чили-гравчето топло со парче домашен леб.

Добар апетит!