ЧИНИ 30 ЕВРА: Патниот лист има важност 30 дена!

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија.

Тие можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

„Во врска со законската одредба од Член 3 од Законот за патни исправи објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/21, кој гласи:

„Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година, и во тие рамки, обврската на македонските државјани, кои по разни основи престојуваат во странство, за аплицирање за издавање на нови патни исправи со новото уставно име „Република Северна Македонија“, МК Амбасадата во Лондон известува за следното:

Сите македонски државјани кои престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање на пасош во МК Амбасадата во Лондон, со закажување на термин, преку меил: [email protected] со назнака “Обнова на патна исправа”.

Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасош во Република Северна Македонија, истите можат да се патуваат со “Патен лист” издаден од МК Амбасадата во Лондон.

Патниот лист е важечки документ за патување во еден правец, кон Република Северна Македонија, а во земјата треба да се поднесе барање за издавање нова патна исправа (пасош), со новото уставно име „Република Северна Македонија. При издавањето на патните листови, пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ нема да бидат поништени. Патниот лист се издава со закажување на термин на [email protected] со назнака „Итен Патен Лист„ по можност 1-2 недели пред вашето патување кон Северна Македонија .Потребни документи за издавање на Патен лист се: пасош; пополнето барање за издавање на патен лист; две фотографии; конзуларна такса од 27 фунти. Патниот лист се издава истиот ден кога се поднесува документацијата во Амбасадата и важи 30 дена од дaтумот на издавање“, велат од таму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното