Чоколадни кокос ролници – идеални за празници!

Воодушевете го вашето семејство со класичен деликатес кој традиционално се прави за празниците, а може да се јаде од која било причина… Уживајте!

Состојки:

За чоколадниот дел:

– 300 гр мелени бисквити
– 200 гр шеќер во прав
– 10 лажици топло сварено кафе
– лажица темен рум
– 50 гр рендано чоколадо
– лажица какао

За филот од кокос:

– 5 супени лажици топла вода
– 100 гр шеќер во прав
– 100 гр кокосово брашно
– 100 гр путер

Подготовка:

Прво измешајте ги бисквитите, шеќерот, какаото и ренданото чоколадо, па прелијте со рум и топло кафе. Добро измешајте додека состојките не се соединат во изедначена смеса. За филот измешајте путер со шеќер во густа смеса. Кокосовото брашно прелијте го со топла вода, убаво измешајте, па додадете го во путерот и шеќерот и мешајте додека состојките не се соединат, пишува 24 часа. Темниот дел од ролатот развлечете го помеѓу два листа хартија за печење. Рамномерно се премачкува со филот од кокос и се завиткува. Покријте сè со пластична фолија и ставете го во фрижидер најмалку четири часа, по можност преку ноќ.

Уживајте!