Мислите дека невозможно е да направите феноменален десерт без млеко, јајца и маргарин… Се лажете!
СОСТОЈКИ:
1,5 шолја брашно
1 лажичка сода бикарбона
прстофат сол
3 лажици какао
1 шолја шеќер
1 лажичка оцет
1 лажичка екстракт од ванила
5 лажици масло
1 шолја вода
200 гр чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во плех за печење измешајте ги сите суви состојки. Додајте оцет, масло, шеќер и екстракт од ванила, па сè добро соединете.
Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути.
За тоа време на пареа растопете чоколадо со малку масло и со него прелијте ја тортата. По желба, украсете со шлаг и со омиленото овошје.
