Македонија

#ClickPlus дебата – „Ученици со негирани права“

За учениците Албанци од Велес и Чашка, кои учат на македонски јазик, се дебатираше во вчерашната дебатна емисија Клик Плус. Халил Снопче од Алијанса за Албанците, го праша министерот за образование, Арбр Адеми, како е можно над илјада ученици да не учат на нивниот мајчин јазик.

„Според статистиките од 2016 година, во Република Македонија има над илјада деца Албанци, кои учат на македонски јазик. Од друга страна пак, немаме ниту едно дете Македонец, кој учи на албански јазик“, изјави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

Министерот за образование, Арбр Адеми рече дека веќе ги ангажирал градоначалниците на општина Чашка и општина Велес да се консултираат со жителите за да најдат конкретно решение за учениците од овие села. Тој ја спомна опцијата за училиште на албански јазик во Чашка.

„Градоначалниците на општините презедоа обврска да вршат дополнителни консултации со жителите на Чашка, со родителите на учениците – дали да инвестираме во Бањица или пак да изнајдеме некое решение во Чашка, односно во гратчето Чашка, со што би се решил целиот проблем за подолг временски период, за учениците Албанци од тој регион“, изјави Арбр Адеми – Министер за образование и наука

Пратеникот од оваa зона, Агим Муртезани, истакна дека за проблемот на учениците Албанци кои учат на македонски јазик го информирал и премиерот.

„Дискутиравме на оваа тема неколкупати во Општинскиот совет, со градоначалникот на општината, со министерот г.Адеми, дури и со премиерот имаме разговарано. Премиерот, на една заедничка средба со господинот Арбр, ми гарантираше поддршка“, изјави Агим Муртезани – пратеник.

Министерот за образование исто така рече дека не бил известен за состојбата на учениците од село Караслари и дека за тоа се информирал преку прилогот на ТВ21.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни