Македонија

Дачиќ за екстрадиција на Блерим Рамадани: Очекуваме дека ќе биде донесена одлука

Дачиќ за екстрадиција на Блерим Рамадани: Очекуваме дека ќе биде донесена одлука
Beograd, 10. aprila 2024.- Prvi potpredsednik Vlade i ministar spoljnih poslova Ivica Daèiæ sastao se sa predsedavajuæim OEBS i ministrom spoljnih i evropskih poslova i trgovine Republike Malte Ijanom Borgom. Nakon sastanka Daèiæ i Borg dali su izjave na zajednièkoj konferenciji za medije. FOTO TANJUG/ RADE PRELIÆ/ nr

Денеска српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посетија граничниот премин Табановце. Во изјава за медиуми Дачич изјави дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија.

-По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние очекуваме дека ќе биде донесена одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија, одговори Дачиќ на прашањето дали добил одговор од македонската Влада дали ќе го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Рамадани.

МВР на 18-ти овој месец на граничниот премин Јажинце, на влез во државата го лиши од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија. Од косовското МНР потоа информираа станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме. Оттаму од македонските власти побараа негово ослободување.

Ден по приведувањето, на 18 јули, Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Рамадани му определи екстрадициски притвор. Неколку дена подоцна, ветерани и членовите на семејството на поранешниот припадник на ОВК Рамадани, протестираа пред Основниот кривичен суд во Скопје и бараа негово ослободување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни